Пиво во верверички

пивоЗапочна продажбата на најсилното пиво на светот, во контраверзни шишиња украсени со мртви животни. Пивото „Крајот на историјата“ од пиварницата BrewDog содржи 55% алкохол и ќе се продава за 500 фунти по шише, што значи дека покрај најсилно е и најскапо.

Започна продажбата на најсилното пиво на светот, во контраверзни шишиња украсени со мртви животни. Пивото „Крајот на историјата“ од пиварницата BrewDog содржи 55% алкохол и ќе се продава за 500 фунти по шише, што значи дека покрај најсилно е и најскапо.

Се работи за светло пиво со уникатен вкус но сепак она што за повеќето луѓе ќе биде навистина униактно ќе бидат шишињата. Тие се вметнати во тела на специјално подготвени мртви верверички, ласици и зајци. А за оние на кои тоа не им е доволно бизарно, има и верзии облечени во свечени костуми.
пиво
„Ја уништивме конвенцијата, ги избришавме разликите и го однесовме производството на пиво до границите“ вели Џејмс Ват еден од основачите на пиварницата која го произведува ова пиво „Ова е храбра мешавина на ексцентричност, уметност и бунтовност; ја менува перцепцијата за пиво и полнети животни истовремено.“
пиво
За да се постигне рекордното ниво на алкохол, била употребена техника на екстремно ладење. Пивото се чува на температури далеку под точката на мрзнење, со што водата се одделува од растворот. Овој процес се повторува десетина пати, по што од стотина литри пиво се добива доволно за едно шише од 330 милилитри, што ја објаснува рекордната цена, и фактот што ќе бидат произведени само 12 шишиња. [BrewDog Beer]

- Реклама -