Во индустријата за играчки, како и во секоја друга, понекогаш се прават грешки. Некои од нив се симпатични, други застрашувачки. Во секој случај, оние што изработуваат производи за деца, би требало малку повеќе да размислат што пуштаат во продожба.
10. Панишер со ракета
Оваа играчка е дел од линијата играчки кои ја менуваат формата. Оваа кукла од Панишер со неколку промени на деловите треба да се претвори во пиштол, кој ќе исфрла проектили. Проблемот е што и во средина од трансформацијата, играчката е сосема функционална, па така добивате кукла што испукува проектили од прилично чудно место.
9. Лигавичар
Не е доволно да имате пиштол на вода. Треба да имате пиштол што ќе исфрла лигава материја. Не е доволно страшна ниту формата на играчката, ниту пак начинот на кој се пумпа за да се стави во функција, туку она што го гледате по употребата на истата. Таквите нешта со деца, обично се сметаат за кривично дело.
8. Бетмен пиштол на вода
7. Скипер која расте
Скипер била замислена како малата сестра на Барби. Во 1975, Мател одлучиле дека е време Скипер да влезе во пубертет. Нормално, одлучиле да го направат единствениот логичен чекор – вградиле механизам со чија помош, при вртењето на левата рака Скипер расте околу 2 сантиметри и ѝ пораснува обемот на градите.
6. Хари Потер Нимбус 2000 вибрирачка метла
Мател, во 2002 година го произведе првиот вибратор за деца. Во позитивните критики за оваа играчка, критичарите наведувале како нивните ќерки биле многу задоволни и си играле со неа долго време со другарките затворени во соба. Некои дури истакнале дека и постарите ќерки си играат со играчката, иако таа била наменета за помали деца. Но, по некое време, откако сфатиле што имаат направено, луѓето од Мател ја повлекоа играчката.
5. Вулварин чекан на дување
Ова е прилично едноставна играчка. Се работи за голем гумен чекан на дување. Секогаш кога ќе се издише, треба само да се надува одново со помош на стратешки поставениот отвор за таа намена.
4. Тарзан
Нема ништо перверзно во оваа играчка, сѐ додека не ја вклучите. Тогаш ви станува јасно дека креаторите не размислиле баш најдобро за она што го пуштаат во продажба. Но, сепак, се работи за Дизни.
{youtube}E1zRaPOzclI{/youtube}
3. Рафики и Симба
Една од највпечатливи сцени од „Кралот лав“ мораше да биде изработена како играчка, за дополнителен приход на Дизни. Одново, некој не размислил убаво што ќе се случи со движењата што се повторуваат и на што ќе личи сето тоа. Никој не може да ви го раскаже, доколку не го видите сами:
{youtube}Au4tlMRI1eg{/youtube}
2. Дора, воденото милениче
Секоја чест на дизајнерот на оваа играчка. Дора, миленичето што живее во вода, воопшто не изгледа дека живее во нешто што е обликувано како играчка за возрасни!
1. Закачалки со ерекција
Азијците отсекогаш имале нешто поинакви гледишта. Така, за децата изработуваат закачалки во разни бои, а секоја боја е лик на друго животно. Закачалките треба да создадат позитивни навики кај децата. Единствениот проблем е тоа што сите закачалки изгледаат како ерекции на животните.