Transparentius ја зголемува провидноста и безбедноста на патиштата

truckv35vTransparentius, новиот неверојатно едноставен концепт-дизајн од студиото на Art Lebedev се однесува на товарните возила кои редовно ги гледаме на патиштата.

Transparentius, новиот неверојатно едноставен концепт-дизајн од студиото на Art Lebedev се однесува на товарните возила кои редовно ги гледаме на патиштата.

truckv35v

Доколку ставите камера во предниот дел на товарно возило, а потоа ја проектирате таа слика на задниот дел, возачот во позадина би можел да види што има пред него и најдобро да го испланира претекнувањето.

Со ова би се намалиле сообраќајните несреќи, каде причинител се долгите товарни возила и неприлагодената брзина за претекнување.

За жал, сè уште не знаеме како ќе биде изведена проекцијата на задниот дел, ниту пак би можеле да ви кажеме како ќе биде отстранет отсјајот од сонцето.

- Реклама -