Зошто жените живеат подолго?

Тајната на женската долговечност се крие во имунолошкиот систем, утврди најновото истражување на Медицинскиот факултет во Токио спроведено на 356 луѓе на возраст меѓу 20 и 90 години.

Имунолошкиот систем кај жените поспоро старее отколку кај мажите. Со стареењето бројот на бели крвни зрнца се намалува кај двата пола, меѓутоа, клучната разлика лежи во Т ќелиите што го штитат телото од инфекции и Б ќелиите кои создаваат антитела.

Т и Б ќелиите кај мажите побрзо пропаѓаат отколку кај жените, а истото важи и за посредниците во имунолошкиот систем,цитокините ИЛ-6 и ИЛ-10.

Токму поради тоа мажите се поподложни на воспаленија, потврди ова истражување.

За разлика од тие ќелии, со текот на годините бројот на ќелиите ЦД4 и Т ќелиите кои го бранат телото од бројни закани се зголемува, но тој број е поголем кај жените отколку кај мажите.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

„Секој старее различно. Жените имаат повеќе естрогени отколку мажите кои ги штитат од срцеви болести, а токму сексуалните хормони се тие кои влијаат на работата на имунолошкиот систем. Различната работа на имунолошкиот систем е одговорен за подолг живот кај жените“, истакнал водачот на истражувањето Кацуики Хирокава.

- Реклама -