Galaxy S4 од 32GB чини 237 долари

Дали знаете колку чини еден Samsung Galaxy S4 од 32GB за да се конструира? Фактот дека поголемиот дел од компонентите кои се наоѓаат во овој смартфон на Samsung се произведени од јужнокорејскиот производител, истражувачката куќа IHS пресметала дека целото вклопување на деловите чини околу 237 долари.

 

samsung-galaxy-s4-teardown

Слично како и деловите за таблетот Samsung Galaxy Note кои се од внатрешен извор и чинат околу 270 долари за еден уред, и повеќето компоненти доаѓаат исто од Samsung и се вградени во последниот претставник Galaxy S4 чинат помалку од 240 долари ако се соберат сите делови поеднинечно.

Vincent Leung, аналитичар од IHS изјави: “Силата на Samsung е што успеваат да вградат сопствени делови кои се произведени во компанијата, и таа листа постојано се зголемува.“

Galaxy-S4(2)

Меѓународната верзија на телефонот работи на чипот Exynos 5 Octa кој е направен од Samsung и чини 28 долари по чип, додека моделот кој се продава во САД има Snapdragon процесор на Qualcomm кој што е поевтин и чини околу 20 долари. И дисплејот и осетливиот екран на допир се снабдени делови од страна на Samsung и чинат околу 75 долари. Corning се погрижи за Gorilla Glass заштитата на дисплејот, додека Broadcom за потребите од конекција со Bluetooth и Wi-Fi.

samsung-galaxy-s-iv-all-big

Samsung Galaxy S4 има 5 инчен дисплеј со 1080p (1920×1080) резолуција, 13 мегапикселна камера, 2600mAh батерија и внатрешна меморија од 16/32/64GB (+microSD слот).

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -