Портабл пегла – концепт на Апостол Тноковски

Повеќе... Колку е неуморен македонскиот дизајнер Апостол Тноковски покажува фактот дека за брзо време повторно не изненадува со уште една интересна идеја. Се работи за нешто која добро ќе се најде во овие летни денови исполнети со патувања и пакувања – портабл пегла која зафаќа простор колку еден нотес.


Колку е неуморен македонскиот дизајнер Апостол Тноковски покажува фактот дека за брзо време повторно не изненадува со уште една интересна идеја. Се работи за нешто која добро ќе се најде во овие летни денови исполнети со патувања и пакувања – портабл пегла која зафаќа простор колку еден нотес.

portable_iron.jpg

Со помош на механизам коj се движи по шина оваа партабл пегла доаѓа со можноста да се пакува како кутија која
зафаќа простор токму колку еден нотес. Совршено за оние кои кои често патуваат и често сe наоѓаат во ситуација да треба да допеглаат дел од алиштата кои се истуткале при транспортот во куферот или торбата.

portable_iron1.jpg

Kако извор на енергија користи батерија или стандардна електрична енергија (преку дополнителен адаптер/полнач). Пеглата може да се користи на батерија само во услови кога треба да се интервенира итно на некое парче од облеката,а немаме пристап до стандардна електрична енергија. Бидејќи батеријата нема капацитет да овозможи долготрајно загревање на плочите, кога треба да испегламе повеќе парчиња облека, оваа пегла мора да ја вклучиме во стандардниот извор за електрична енергија.

portable_iron2.jpg

Освен компактноста и малата димензија, ново е и имплементирањето на две плочи кои се поставени една врз друга, а меѓу нив има пружина. Ваквата примена на две плочи е со цел да се олесни пеглањето на крагните. Имено, крагната ја ставаме помеѓу двете плочи и благо притискаме со што на некој начин ја “тостираме” за да се испегла.

portable_iron3.jpg
Доколку сте го пропуштиле претходно, овде можете да го прочитате и краткото интервју кое го направивме со Апостол.
- Реклама -