За љубителите на велосипеди и воопшто оние кои се чувствуваат како дел од таа култура, ви презентираме 5 велосипедо-центрични дизајнерски иновации и занимливости од светот.
За љубителите на велосипеди и воопшто оние кои се чувствуваат како дел од таа култура, ви презентираме 5 велосипедо-центрични дизајнерски иновации и занимливости од светот.
Овие кациги се комбинација на добар изглед со безбедост. Изгледаат како обични капи, но во суштина се „хардкор“. Ги има во различни бои и доаѓаат во 4 модели секој наречен според стилот на градот кој го отсликува моделот. Дизајнирани се од данската компанија 5.
Вакво нешто се очекува од една толку велосипедо-центрична земја како што е Холандија. Еколошки, без намалување на брзината и расипување на задоволството од возењето – тоа се советите од врвот на Холандската велосипетска инфраструктура.
Ваквите велосипеди не се новина, но со ова технолошко чудо дизајнирано од Bergmönch наречено Technik започнува нова ера на ваквиот тип на велосипеди. Кога е склопен изгледа како ранец, а тежи само 9 килограми. Не само што изгледа како ранец, има и 12 литри слободен простор во кој можете да носите багаж. Најдобриот дел е што е потребно помалку од две минути од ранец да го претворите во спремен-за-спуштање велосипед.
Малкумина од нас имаат во предвид колку е во суштина опсежен и разновиден велосипедскиот начин на живот и култура. Секогаш заинтересирани за субкултурите, PUMA во соработка со режисерот-велосипедист Daniel Leeb направија серија од 5 филмови под наслов The I-Cycle кои ги прикажуваат различните страсти што водат кон животниот стил на две тркала.
{youtube}1K5te_4ZD6I&eurl{/youtube}
Дури и во најбезбедните градови за велосипедисти, никогаш нема доволно патеки. Возењето навечер може да биде посебно опасно покажуваат статистиките (1.000 луѓе годишно умираат во незгоди со велосипед, додека 40.000 се повредени). За среќа, дизајнерите дојдоа до идеја за LightLane – концепт со кој велосипедот е опремен со сет од светла, кои проектираат подвижна велосипедска патека пред и зад велосипедот.