Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус се потсетува на славните денови на клубот од Лисабон и вели дека сега сакаат повторно да го искачат рамо до рамо со најголемите европски клубови.
Во раните 60ти, Бенфика предводена од легендарниот фудбалер Еузебио, два пати беше европски шампион.
Токму во Амстердам каде вечерва го играат финалето од Лига Европа, Бенфика го имаше последниот европски успех кога со 5-3 го совладаа Реал Мадрид и станаа европски шампиони.
Во тој период Бенфика беше рамо до рамо со гигантите како Реал Мадрид и Милан, но потоа следува посен период и шест порази во европски финалиња.
На вечерашниот натпревар ќе присуствува и Еузебио, тоа ќе биде дополнителна мотивација за фудбалерите на Бенфика.
„Бенфика е клуб кој во минатото имал одлични перформанси во Европа” – вели Жесус.
„Во 60. и 70. години овој клуб беше рамо до рамо со Реал Мадрид и Милан”.
„Од тогаш работите се променија, не се исти, но Бенфика успеа да врати дел од престижот во изминатите неколку години, сакаме повторно да креираме таков интернационален престиж”.
„Вечерва имаме големо европско финале, минатата година имавме добар настап во Лигата на Шампионите, пред тоа во Лига Европа”.
„Работиме напорно и го подобруваме имиџот на клубот во Европа, доколку го победиме Челзи тоа ќе ни помогне да ја вратиме славата на Европа и ќе ни даде шанса да играме во Европскиот Супер Куп”.
Фудбалерот на Бенфика, Пабло Аимар имаше изјава која предизвика внимание во англиската јавност.
Аимар изјави дека ова е најлошиот состав на Челзи откако Абрамович е сопственик на клубот, и дека Бенитез нема поддршка од своите фудбалери.
Жесус негира дека Бенфика се обидува да игра валкани психолошки игри пред почетокот на натпреварот.
„Ниту еден фудбалер на Бенфика не го потценува квалитетот на ниту еден фудбалер на Челзи и нивниот тим”.
„Според мене, најсилниот тим е во финалето. Челзи е еден одличен тим, ќе завршат на третото место во Премиерлигата оваа година. Имаат квалитет”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал