Куќа што оди (видео)

Повеќе... Дизајнерите ја конструираа оваа номадска куќа како уникатно решение за иднината. Најлесен начин да побегнете од здодевната околина, секојдневните проблеми или од лошото соседство без притоа да мора да ги пакувате куферите.

Дизајнерите ја конструираа оваа номадска куќа како уникатно решение за иднината. Најлесен начин да побегнете од здодевната околина, секојдневните проблеми или од лошото соседство без притоа да мора да ги пакувате куферите.

article-1079419-02316f8d000005dc-606_468x347.jpg

Оваа куќа со шест хидраулични „нозе“ е дизајнирана од уметничката група N55 во Копенхаген, Данска во соработка со инжинерите од Масачусетс, САД.
Висока 10 метри, подвижната куќа се напојува со соларна енергија и може да се движи на секаков терен. Дизајнерите тврдат дека ова би можело да биде решение на проблемот со зголемувањето на нивото на водата. Тие во иднина размислуваат за цели населби со вакви куќи за номадски начин на живот.

article-1079419-02316f91000005dc-422_468x347.jpg

Како и секој нормален дом, оваа куќа има дневна соба, кујна, тоалет и кревет. Таа може да „оди“ благодарејќи на компјутер кој ги контролира „нозете“.  За да се изгради прототипот на ваква куќа потребни биле £30,000.

{youtube}CvxIB83Y0PA{/youtube}

- Реклама -