Во денешно време 92% од комапниите ги користат „LinkedIn“, „Facebook“ и „Twitter“ за да бараат потенцијални кандидати за нивните слободни работни места, со што социјалните мрежи претставуваат едно од важните фактори во процесот на барање работа. Еве неколку факти кои е добро да ги знаете доколку сакате да оставите добар впечаток кај некој работодавец и да ја добиете работата за која сте сонувале.
- Скоро 86% од работодавците ги проверуваат вашите профили на социјалните мрежи.
- Комапниите не сакаат да гледаат ваши фотографии каде консумирате алкохол или каде сте во непристојни ситуации.
- Избегнувајте да споделувате постови со сексуална содржина, вулгарности и правописни грешки.
- Работодавците сакаат да видат во какви огранизации членувате
- Најдобар начин да најдете работа е доколку имате препораки. 65% од комапниите обрнуваат внимание на вашите препораки, се разбира доколку ги имате.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk .