По долговековно двоумење, мажите сега конечно ќе можат да знаат со сигурност дали нивната партнерка се чувствува добро или не, благодарение на новиот фустан што ги менува боите според расположението на жената, јавува „Дејли мејл“.
По долговековно двоумење, мажите сега конечно ќе можат да знаат со сигурност дали нивната партнерка се чувствува добро или не, благодарение на новиот фустан што ги менува боите според расположението на жената, јавува „Дејли мејл“.
Сензитивниот фустан, дизајн на електронскиот гигант „Филипс“, функционира следејќи ги физичките промени поврзани со различните чувства. Фустанот „блубел“ е направен од два слоја: внатрешниот слој содржи биометриски сензори што ги анализираат чувствата, а ги проектираат во бои на надворешниот текстилен слој.
Емоциите како стресот, возбуденоста или стравот генерираат светлина што потоа ги менува шарата и бојата на фустанот, во зависност од својот интензитет. Фустанот бил создаден како дел од проектот „SKIN Probe“, истражувачка програма што ги анализира можните стилови во 2020 година. Ако прототипот биде пуштен во масовно производство, тој сигурно ќе помогне за подобра комуникација меѓу двојките.
Магазинот „Тајм“ ја прогласил импресивната облека за најдобар моден изум на годината.
– Облеката може да биде висококомплексен електронски или биохемиски уред што е многу почувствителен на суптилните реакции како сензуалноста, афективноста и чувствителноста – вели Лузи Мекре од „Филипс“.
Научниците од холандската фирма сега работат на електронски тетоважи, кои исто така би се менувале според расположението на носителот. виа.