Баш пред некој ден се исплашив кога ги видов Бред Пит и Анџелина Џоли како дремат во еден јавен кафеански тоалет. Инстинктот ме тераше накај Бред, ама среќа брзо сфатив дека треба да поминам покрај Енџи. Исто така беше интересно да се видат знаците male, female и gmail, сите на една врата од тоалетот во еден кафе бар, а тешко ми беше да останам рамнодушна и на тоалетот во Сопотско каде со еци-пеци-пец, на среќа ја погодив вистинската врата. Ако мислите дека сето ова е чудно или барем креативно, погледнете како во светот се означуваат вратите во јавните тоалети.