Ѕвездите го одредуваат профилот на оние знаци кои би извршиле неверство и зошто би го направиле.
Овен
Овните пробуваат да се воздржат од прељуба колку што можат, но за жал, на крајот секогаш попуштаат. Имено, во неверстрво тргнуваат дури кога монотонијата ќе се вовлече во нивната врска. Мааната на Овните е тоа што кога ќе се „запалат” многу брзо можат да бидат откриени. Едноставно, тие се едни од ретките кои ја губат главата за страст. Имаат исклучително здрава и изразена сексуалност, па баш поради тоа и не се воздржуваат. Овните се нескротливи и едноставно такви треба да ги прифатите.
Бик
Оние Бикови кои го сакаат сексот, стануваат зависни од него. Биковите се или страствени, или тотално незаинтересирани. Заштитник им е Венера, па поради кај нив тоа се почнува од љубовта, па кога сè ќе тргне како што треба, можат да се впуштат во страст. Повеќето Бикови почнуваат да изневеруваат дури кога потполно ќе созреат, но кога изневеруваат изневеруваат професионално. Инаку, кога ќе ги споредите со другите знаци Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.
Близнаци
Ретко кој може да изневерува така успешно како што го прават тоа Близнаците. Строго внимаваат на секој повлечен потег како не би ги разоткриле. Лесно се впуштаат во прељуба во која ги повлекуваат своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој знак успева да ги раздвои емоциите од страста како Близнаците. Нема ни да приметите, а веќе сте станале плен. Доколку сакате Близнаците да ги фатите во прељуба ќе биде доволно да им поставите неколку брзи и лукави прашања и самите ќе се издадат.
Рак
Раковите се спонзоруши. Раковите најмногу ги сакаат парите, а нивните партнери можат да бидат сигурни дека ќе ги сакаат сè додека имаат пари. Се грижат само за себе, другите не ги интересираат, освен ако немаат деца. Единствено важно во нивниот живот се децата, а партнерот губи на вредност чим ги добијат. Доколку некој им покаже паричник полн со пари, сигурно нема долго да се мисли пред да се одлучи да го изневери партнерот.
Лав
Како што веќе знаете, Лавот е огнен знак, што само по себе многу кажува. Поседуваат голема сексуалност. Врската или бракот никогаш нема да ги смири независно од тоа во колкава љубов се со партнерот. Повеќето ги привлекува опасноста поврзана со неверството. Многу Лавови не умеат да го контролираат адреналинот во своите вени, па едноставно и се препуштаат на страста која ја чувствуваат дури и во воздухот. Егото за многу од нив е на прво место и имаат потреба постојано да го хранат. Покрај Лавот можете да заборавите на верност.
Девица
Многу Девици изневеруваат кога се незадоволни во својата врска или бракот. Во спротивно неверството не им доаѓа ни на крај на памет. Верноста им е најважна од сè! Имено, доколку Девицата изневерува, партнерот тоа веднаш ќе го забележи, бидејќи ќе слушне многу маани и недостатоци на своја сметка. Кога изневерува, изневерува квалитетно и тоа ретко со една личност.
Вага
Вагите обожаваат да флертуваат и флертуваат цел живот. Секој партнер на фаталната Вага знае однапред со кого има работа и каков е партнерот. Со овој знак можете да очекувате сешто. Кога изневерува ќе се забележи по тоа што многу повеќе се грижи за својот изглед. Неверството никогаш ни за жива глава нема да го признаат, но ќе кажат како биле навлечени. Едноставно, заведувањето е нивна омилена дисциплина од која никогаш нема да се откажат. Ретко која Вага останува верна на својот партнер, а штом здогледа згоден примерок го губи разумот.
Скорпија
Скорпиите пробуваат сè да контролираат како би го заобиколиле неверството, но доколку на другата страна им стои силна личност, сета сила и моќ на Скорпиите паѓа во вода. Многу од нив не поднесуваат неверство, па така тешко и би се носеле со своето.
Стрелец
За Стрелците, сексуалноста е нешто налик на рекреација. Ретко кој знак во зодијакот е таков авантурист како Стрелецот. Кај нив за ништо нема ограничувања, а доколку некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат да пробаат сè што е забрането, а поради неверството за кое имаат потреба, ретко се задржуваат долго во брак. Доколку љубовта помеѓу Стрелецот и неговиот партнер ја снемало, нема скоро воопшто да се труди да ја врати. Стрелците се неограничени и тежат кон лично задоволство.
Јарец
Единствен начин Јарците да почнат со изневерување е да бидат незадоволни, или доколку во себе имаат вишок алкохол. Друг начин нема. Ако дојде до неверство тогаш речиси сигурно доаѓа до развод или прекин на врската. Доколку Јарецот остане со партнерот и откако ќе исчезне страста, во прашање се само виши сили, на пример деца. Јарците никако не поддржуваат неверство и авантура. Тие се вечни амбасадори на верноста и често знаат да ги осудат оние кои изневеруваат.
Водолија
Оние кои ги сакаат своите Водолии никако не смеат да си дозволат во нивната врска да влезе монотонијата. Доколку во нивното секојдневие завладее рутина, заборавете на вашата Водолија. Тие го сакаат животот, па ќе им допуштат на другите да го живеат. Голема е веројатноста дека Водолиите ќе го изневерат партнерот штом стапат во брак. Водолиите се со слободен дух и секого околу себе го сметаат за пријател. За многу Водолии авантурата е составен дел од животот бидејќи живеат живот во игра. Штом забележите дека Водолијата покрај вас молчи, нека ви биде јасно дека веќе не сте интересни и дека наскоро ќе се впушти во нова авантура.
Риби
Рибите едонставно обожаваат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како сосема невини, а подлабоко се всушност вистински перверзни. Ретко кој може да ги прочита и разбере. Често и самите не знаат што им треба и што сакаат. Во прељуба се впуштаат во подоцните години. Постојаните партнери многу брзо им здосадуваат, па нема долго да чекаат за освојување на туѓа територија.