Давид Луиз му донесе победа на Челзи, Фенербахче славеше над Бенфика

Со гол на Давид Луиз во 94. минута Челзи победи на гостувањето кај Базел, Фенербахче со 1-0 ја совлада Бенфика.

Челзи со 2-1 победи на гостувањето кај Базел во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа, Сините се на чекор до финале.

Натпреварот беше отворен во 12. минута кога по центаршут од Лампард, Мозес погоди за водство на Челзи од 1-0.

По водството, Челзи ја смири играта, Сините се повлекоа но се обидуваа од контри да го зголемат резултатот.

Базел имаше статива, но и Торес го погоди дирекот на домаќините.

Во 87. минута судијата покажа на белата точка за Базел, крајно сомнителна одлука.

Шар го реализираше пеналот и го израмни резултатот на 1-1.

Откако прими гол, Челзи го засили темпото и обидите да го врати водството дадоа плод во 94. минута.

Давид Луиз погоди од слободен удар за значајна победа на Челзи од 2-1.

Фенербахче ја искористи предноста на домашен терен и со 1-0 ја совлада Бенфика.

Клучниот момент се случи во 72. минута кога Корказ го постигна победничкиот гол.

Претходно, пред крајот на првиот дел, Фенербахче не реализираше пенал, Кристијан Барони ја погоди стативата.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -