Јувентус со 1-0 го доби дербито против Милан и дојде на четири бода до заверка на Скудетото, со овој пораз Росоњерите речиси се збогуваа со второто место, а ќе треба сериозно да се испотат за да го задржат и третото.
Гол од пенал го реши дербито помеѓу Јувентус и Милан, Старата Дама славеше со 1-0.
Клучниот момент се случи во 57. минута кога голманот на Милан, Амелиа го фаулираше Асамоа, судијата покажа на белата точка.
Артуро Видал биеше прецизно од пенал за победа на Јувентус.
Со овој триумф Јуве е на четири бода до Скудетото, тоа значи дека уште во наредното коло ќе можат да го заверат големиот трофеј.
Наполи дојде до победа во самиот финиш од натпреварот, Наполитанците славеа со 3-2 против Каљари.
Инсиње со погодок во 94. минута го донесе триумфот за Наполи од 3-2.
Горан Пандев ги одигра сите 90 минути и имаше солиден настап.
Најголемиот кикс се случи во Рим каде што Рома не успеа да го победи последнопласираниот тим на Пескара, натпреварот заврши 1-1.
Интер со гол на Роки во финишот од натпреварот ја совлада Парма со 1-0.
Фиорентина со 4-3 го победи Торино и се доближи само на бод до Милан кој е на последното место кое води во Лигата на Шампионите.
Во останатите денешни натпревари од Серија А, Болоња и Сампдорија одиграа 1-1, исто како и Катанија и Палермо, Киево со 1-0 славеше на гостувањето кај Сиена.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал