Pixel:Photoshop во поевтина варијанта

linuxКонечно! За сите корисници на Linux, како и за оние на Windows и Mac OS X деновиве излезе алтернатива за Adobe Photoshop која многу ветува – како со перформанси, така и со цена. Се работи за програм кој ги има буквално сите одлики на Фотошоп со една „мала“ предност – за разлика од CS3 чиј пакет веќе достигна околу 800MB и цена од $600, Pixel тежи само 13MB и чини $38. Ако нешто може да не возбуди повеќе од исончана девојка со лаптоп на плажа, тоа е дефинитивно програм од ваков калибар! [Pixel]

- Реклама -