Тренерот на Интер, Андреа Страмачони по поразот на гостувањето кај Каљари изјави дека оваа сезона на Нероазурите е проколната.
По поразот од Аталанта на Џузепе Меаца, ново разочарување за Интер, овој пат пораз на гостувањето кај Каљари од 2-0.
Позицијата на Андреа Страмачони е сериозно разнишана, трпението на раководството е при крај и покрај јавната поддршка која му ја даваат.
Тој вината не ја бара кај себе, вели дека тимот е проколнат.
„Морам да му честитам на мојот тим и покрај негативниот резултат. Она што се случува е неверојатно. Оваа сезона е проколната, игравме добро додека не им беше досуден пенал” – вели Страмачони.
„Имавме шанса преку Роки, потоа дојде повредата на Гаргано”.
„Па тие добија пенал кој изгледаше многу сомнително, а го загубивме и Нагатомо поради повреда”.
Интер се чини ги загуби шансите за место кое води во Лигата на Шампионите, па единствена утеха оваа сезона би можело да биде триумф во италијанскиот куп.
Во среда Интер ја пречекува Рома во реванш полуфиналниот натпревар, првиот дуел го доби Римската Волчица со 2-1.
„Сега пред нас е многу важен натпревар, загубивме двајца нови фудбалери поради повреда, но ќе се обидеме во дуелот против Рома да влеземе на најдобар можен начин”.
„Имаме уште 14 фудбалери, и Переира и Гуарин се суспендирани за дуелот со Рома, но ќе видиме што може да направиме”.
„Секој тим кој ќе загуби двајца напаѓачи поради повреда и уште некој добар фудбалер, има проблеми да одигра добро”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.