Дали да носите градник?

Во Холивуд се зборувало дека Мерилин Монро спие во градник за да би и останале градите што поцврсти и поубаво обликувани. Меѓутоа, новото истражување утврдено во Франција, покажува дека е подобро да не го носите толку често ова парче облека. Истражувачите 15 години ги проучувале градите на преку 330 французинки и заклучиле дека носењето на градник нема да го спречи опуштањето на градите со текот на времето, или чувството на болка во грбот.

05 Jun 2007 --- Woman looking at bras --- Image by © Creasource/Corbis

„Медициски, физиолошки, анатомски, не постои никаква корист од носењето на градник. Напротив, градите дури и побрзо ќе се опуштат доколку го носите постојано“, изјавил професорот Жан Дени Рујон. Научниците дошле до заклучок дека доколку жената не го носи ова помагало, мускулите околу градите ќе се зацврстат и ќе се подигнат. Сепак, не им се препорачува на сите жени да не носат градник. Тоа се однесува на оние чии мускули на градите се веќе опуштени.

И, додека феноменот „ослободете се од градниците“ звучи како претерување, сепак, во текот на 70-те години од минатиот век било навистина модерно да се излегува така. Денес индустријата за долен веш е исклучиво профитабилна и остварува преку 11 милиони долари приход на годишно ниво.

- Реклама -