Во кутија од чисто злато, украсен со 600 бели дијаманти и со еден огромен дијамант од 26 карати наместо „home“ копче, со екран од сафир, ова е најскапиот и најубавиот смартфон на Apple.
Стјуарт Хјуз е златар кој е познат по скапите телефони што ги прави специјално за богатата елита.
Пред неколку години направи iPhone 4 украсен со скапоцени камења кој чинеше осум милиони американски долари, но сега се надмина себе си.
Направи iPhone 5 во кутија од чисто злато, украсен со 600 бели дијаманти и со еден огромен дијамант од 26 карати наместо „home“ копче, со екран од сафир.
Логото на Apple се наоѓа на задната страна на телефонот и е направено од чисто злато и 53 дијаманти.
Цената? Ситница: 15,4 милиони американски долари.