Новиот Nexus 7 стигнува во јули

Google планира да ја претстави новата верзија на својот Nexus 7 во јули годинава.

Новиот Nexus 7 ќе го прави Asustek, а ќе работи на Qualcomm Snapdragon процесор.

Оригиналниот Nexus 7, исто така, го правеше Asustek и поседуваше Nvidia Tegra 3 процесор и имаше резолуција од 280 x 800 пиксели.

Google наводно планира да испорача 8 милиони примероци од новиот уред во втората половина на 2013 година, а најголем конкурент би требало да му бидат iPad mini и Kindle Fire.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android
- Реклама -