Со денешните натпревари Баерн Минхен – Јувентус и ПСЖ – Барселона стартува 1/4 финалето во Лигата на Шампионите.
Дербито во 1/4 финалето се игра помеѓу Баерн Минхен и Јувентус, првиот дуел е вечерва на Алијанц Арената.
Баварците играат во страшна форма оваа сезона и веќе ја освоија титулата во Бундеслигата, во натпреварот против Јувентус ќе влезат со неверојатната победа од 9-2 над Хамбургер.
Јувентус повторно е во елитата, Старата Дама се враќа онаму каде што припаѓа, меѓу најдобрите во Европа.
Поради убедливата игра со која ги решава противниците и формата во Бундеслигата, Баерн Минхен е благ фаворит во овој двомеч, но Антонио Конте покажа дека е одличен стратег и Јувентус сигурно добро подготвен ќе влезе во оваа пресметка.
Интересен ќе биде и натпреварот помеѓу богатиот ПСЖ и силната Барселона, првиот дуел на програмата е вечерва во Париз.
Проектот на ПСЖ се развива одлично, Карло Анчелоти гради тим кој треба да се бори за највисоките позиции во Европа.
Импресивната Барселона како и секоја година цели кон трофејот со “големите уши”, а на патот до него сега е испречен ПСЖ.
Каталонците имаа мини криза оваа сезона кога беа поразени и од Милан на Сан Сиро, но Барса се врати и одигра најдобро кога беше најпотребно, на клупата се враќа и Тито Виланова и тоа ќе биде посебен мотив за фудбалерите.
Златан Ибрахимовиќ ќе биде една од централните фигури на теренот, УЕФА го помилува Швеѓанецот и му дозволи да игра на првиот натпревар против Барса, иако првично беше суспендиран за овој меч.
Тоа се одлични вести за ПСЖ кој ќе се обиде да ја изненади Барселона, но јасно е кој е фаворитот во овој двомеч.
Утре Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу го пречекува тимот на Галатасарај, Дрогба и Снајдер против својот поранешен тренер, Жозе Мурињо.
Навидум Реал Мадрид нема да има тешка задача, но Фатих Терим има добар состав кој постојано го зголемува квалитетот.
27-годишниот Бурак Јилмаз ќе биде најсериозната опасност за Кралевите, Турчинот игра во фантастична форма и стана мета на големите европски клубови.
Шпекулациите велат дека Жозе Мурињо ќе замине по крајот на сезоната и ќе се врати во Челзи, Португалецот сака да се збогува со Реал Мадрид на најдобар начин, да му им го донесе на Кралевите трофејот од Лигата на Шампионите и можеби по финалето кое се игра на Вембли да остане во Лондон.
Шпанската опсада во Лигата на Шампионите завршува со Малага, дебитантот во елитното натпреварување се претставува во повеќе од солидно издание.
Во 1/4 финалето пред себе ја има екипата на Борусија Дортмунд која оваа сезона не блеска во Бундеслигата но игра одлично во Лигата на Шампионите.
Германците се фаворити за пласман меѓу четирите најдобри, Јирген Клоп сериозно си ја сфати задачата и не остава ништо на случајот но Малага има свои сметки и знае да ги изненади и подобрите од неа.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.