Како со шминка да го скриете уморот од лицето?

На уморното и суво лице кафената боја само ја влошува ситуацијата. Ако сакате да се освежите за неколку секунди, изберете розови нијанси. Сите шминкери се едногласни: розовите нијанси моментално го „подигнуваат“ целиот изглед, но и расположение.

Најефективно ќе биде ако се определите за светло розово руменило. Ведрината и оптимизмот ќе бидат забележителни по само неколку потези со четката.

Во понудата е и кремастото руменило кое може да го нанесувате и без подлога доколку имате чисто лице.

blush1

Доколку сте нерешителни дали да купите розова или некоја друга нијанса, оваа сезона експертите ви препорачуваат да се определите за корална нијанса. Таа е ултимативен хит кога е во прашање оваа пролет.

За правилно да се „замаскирате“ нанесете посветли нијанси на јаболчниците, а на аглите на лицето потемни нијанси на руменило. Исто така, нанесете бела сенка на аглите на очите и нема да се забележат трагите на умор.

- Реклама -