Доцна синоќа Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации ги прогласи најдобрите понуди за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 3,4 – 3,6 GHz за фиксен безжичен пристап. Со најповолна понуда во четири региони, „Неотел“ е една од компаниите која ќе може да ја развива фиксната безжична мрежа (WiMAX) во сите шест региони во Република Македонија. [aec.mk соопштение]