Во рекламно видео за еден од спонзорите на Манчестер Јунајтед, напаѓачите на ’Црвените Ѓаволи’ ги покажаа своите ’телепатски’ способности.
Двајт Јорк и Енди Кол беа убиствениот напаѓачки тандем на Манчестер Јунајтед во доцните 90-ти, нивниот успех во форот на ’Црвените Ѓаволи’ се должеше на одличното разбирање, кое на шега некои го опишуваа како телепатско.
За да ја тестира оваа теорија, еден од спонзорите на ’Црвените Ѓаволи’, им дозволи на Јорк и Кол да ги покажат своите вештини со заврзани очи.
Шанса добија и сегашните напаѓачи, Вејн Руни, Дени Велбек и Хавиер Ернандез, кои малку се мачеа, но на крајот Руни сепак успеа да постигна убав волеј гол.
[youtube]http://youtu.be/KWkeRkRyToo[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.