Проверено: Како да станете магнет за мажи?

Прочитајте ги овие едноставни трикови како да го маѓепсате секој маж во просторијата. Внимание: кога ќе ги усовршите овие трикови може да ви се случи да станете таков магнет што ќе ги привлекувате мажите каде и да се појавите!

Не излегувајте во групи од повеќе од три членови

Three-girls-on-the-dance-floor-1024x682

На девојка во поголема група е исклучително тешко да ѝ се пријде. Тричлена група е оптимална затоа што вашите две пријателки може да си прават друштво една на друга додека вие кокетирате со момчето.

Држете пијалак во рацете

Момците не сакаат да бидат искористени. Или во превод не сакаат на самиот почеток да ви ја плаќаат пијачката. Ако имате во рака до половина испиен коктел кога ќе ви пријде фраерот, тој ќе може без оптоварување да започне разговор со вас. Доколку сѐ тргне како што треба, ќе се понуди да ја почасти следната рунда и ќе го продолжи разговорот.

Смешкајте се

Couple-cafe

Просто не е можно да не ја истакнеме важноста на насмевката, како и фактот дека не е можно да делувате секси ако сте дистанцирани. Жените постојано спонтано се смејат затоа ако воопшто не го правите тоа ќе изгледате како „челична“ дама.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Усовршете го погледот што освојува

За да го привлечете и од другата страна на просторијата, благо наведнете ја главата и упатете му неколку „жешки“ погледи. Момците обожаваат да ги гледате под око затоа што така се чувствуваат мажествено. А ако момчето на спротивниот агол е толку прекрасен што ви е тешко да го гледате директно во очи, лажирајте ја работата гледајќи го во делот меѓу очите.

first-dateНемојте веднаш да го прашате со што се занимава

 

Некои мажи мислат дека секоја жена е ловец на пари, а во денешно време на масовни откази прашањето за работа може да биде иритантно. Затоа, оставете го ова прашање за подоцна.

Водете позитивни разговори

Понекогаш девојките не се ни свесни во колку негативна смисла се претставуваат. Кога ќе излезете во град, би требало да се забавувате и затоа секоја забелешка (тука е претопло) и песимистичка изјава (дефинитивно следи уште еден ужасен ден) прилично ја поткопуваат аурата на забавна девојка со која би требало да зрачите. Затоа бирајте позитивни теми за разговор.

- Реклама -