Велигденски јајца

eggnarnniapppВо својата традиција црквата го прифатила Велигденското црвено јајце
како симбол на Христовото воскресение и има повеќе симболички значења. На повеќе следува кратко објаснување и галерија од најинтересните Велигденски јајца испратени на конкурсот на adn.com.


 

eggnarnnia

 

Во својата традиција црквата го прифатила Велигденското црвено јајце
како симбол на Христовото воскресение и има повеќе симболички значења:

  • неговата топчеста форма ја симболизира Земјината топка и со тоа го претставува сиот човечки род на неа,
  • како
    што јајцето ги содржи сите потребни елементи за создавање на живот,
    односно пиле кое има крв, коски и месо, така и верата ги содржи во себе
    сите потребни елементи за духовно оживување и заживување на човекот,
  • црвената боја на јајцето значи победа и ја симболизира божјата сила, моќ, но и Христовата крв пролеана на крстот.
Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција

Според
Светото Предание, се смета оти Марија Магдалена прва го започнала овој
обичај за Велигденските црвени јајца. Таа, со цел да му раскаже на
римскиот цар за Исуса Христа, најнапред му подарила едно црвено јајце и
го поздравила со зборовите: Христос Воскресе.

Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си
подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се
поздравуваат: Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

 

ГАЛЕРИЈА НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА 2006

- Реклама -