Епа, ако им веруваме на претставниците на Toyota во САД, 500 долари. Сакајќи да привлечат поголемо внимание на нвината распродажба која се одржува на крајот на секоја година, од Toyota рекле дека ако купите нивни автомобил пред 3 јануари и се пофалите, ќе добиете дебитна картичка со 500 долари.
За да се квалификува за наградата, потенцијалниот купувач прво треба да го посети toyotashareathon.com и преку апликацијата на Toyota да го испрати следниов tweet најдоцна до 15 декември: “If I get my new Toyota during Toyotathon they’ll give me $500 just for this Tweet. http://buyatoyota.com @Toyota #shareathon.” Новите сопственици на Toyota, ќе ја добијата својата картичка со 500 долари преку истиот сајт.
Целта на ова е да се натераат оние луѓе кои планираат да купат автомобил да ја промовираат кампањата, дури и ако не купат Toyota. Запрашана зошто компанијата дава толку висока награда само за еден tweet, Кимберли Гардинер менаџер за дигитален маркетинг од Toyota одговорила: „Сакавме преку социјалните мрежи да изградиме поголема свест за нашата традиционална распродажба. Ние мислиме дека 500 долари се доволно висока понуда за да стимулира интерес кај потрошувачите и да привлече внимание.“ [How Much Is a Tweet Worth? $500, Says Toyota]