Mercedes Benz го покажа CLA 45 AMG

Првите официјални фотографии на набилданиот седан, Mercedes-Benz CLA 45 AMG, беа објавени од страна на компанијата на интернет просторот. Премиерата на моделот ќе се одржи на крајот на март, на салонот во Њујорк.

Седанот смета на истиот агрегат со кој располага A-класа во верзијата на одделот AMG. Моделот е управуван од 2.0 литарски бензинец, четирицилиндерски турбомотор со моќност од 360 КЅ и вртежен момент од 450 Nm. Тој e во спрега со 7-степен роботизиран менувач со двојна адхезија и систем за погон на сите тркала. Се очекува најмоќниот Mercedes-Benz CLA да забрзува од 0 до 100 km/h за околу 4.6 секунди, а максималната брзина му е ограничена електронски на 250 km/h.

727_mercedes-cla-470-2

Стандардниот Mercedes-Benz CLA, кој беше претставен во јануари и свое деби пред јавноста имаше во Женева пред само неколку дена, веќе е во понудата на македонскиот импортер Мак АутоСтар. Моделот располага со три бензински агрегати со моќност од 122 до 211 КЅ, како и два дизел мотори – 136 и 170 КЅ.

346_mercedes-cla-470-3

 397_mercedes-cla-470

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -