Пристапете им на вашите фајлови од секаде со Google Docs

_45148015_google_512_288jpgВо текот на следниве неколку недели, Google ќе им овозможи на своите корисници да ги аплоадираат сите фајлови во „облакот“ преку Google Docs, со што ќе креира место каде ќе може да им пристапите на вашите клучни фајлови онлајн, од каде и да посакате.

Во текот на следниве неколку недели, Google ќе им овозможи на своите корисници да ги аплоадираат сите фајлови во „облакот“ преку Google Docs, со што ќе креира место каде ќе може да им пристапите на вашите клучни фајлови онлајн, од каде и да посакате.

_45148015_google_512_288jpg

Фајловите кои ќе ги аплоадирате може бидат и до 250MB во големина, што е далеку поголема бројка од атачмент лимитот на многу e-mail апликации. Наместо да си ги испраќате на себе, ќе може бесплатно да бекапирате големи графички фајлови, RAW фотографии, ZIP архиви и многу повеќе. Вкупниот лимит е 1GB, меѓутоа постои и можност за дополнителен простор со доплата.

Што е најважно, наместо секогаш да носите USB стик со себе, сега Google Docs ќе стане новиот дом за вашите фајлови.

Овој сервис може да ви помогне и при тимска работа кога треба да се организирате и работите онлајн. На пример, еден архитект може да споделува големи шематски фајлови со својот клиент, додека графичкиот дизајнер сега може да ги аплодира постерите што ги направил, без потребата од компресија.

Фајлови кои ќе ги аплоадирате може да се додадат и на веќе постоечките документи. [Upload and store your files in the cloud with Google Docs]

- Реклама -