Во текот на изминатата недела, огромен број од женската популација на Facebook постави статуси во кои беше испишана некоја боја. Тоа ги збуни сите оние што не беа вклучени во играта. Кога најпосле информацијата излезе од ексклузивниот женски круг, се распламтија дебати на интернет околу коректноста на оваа игра.
Во текот на изминатата недела, огромен број од женската популација на Facebook постави статуси во кои беше испишана некоја боја. Тоа ги збуни сите оние што не беа вклучени во играта. Кога најпосле информацијата излезе од ексклузивниот женски круг, се распламтија дебати на интернет околу коректноста на оваа игра.
Сигурно секој корисник на Facebook видел барем еден статус на некоја своја пријателка во кој пишувало: црвено, црно, бело, шампањ, ништо или голо. Оние што не беа вклучени во играта, т.е. оние на кои не им биле пратени приватните пораки (или циркуларните мејлови) во кои се даваат инструкции за играта, останале замислени и зачудени.
Играта со боите одела на овој принцип. Секоја жена во статусот ја впишувала единствено бојата на својот градник, со што, преку игра и ширење на информациите, ќе се зголемела свесноста за ризикот од рак на дојката. Инструкциите велеле уште дека сево ова треба да се крие од машкиот свет колку што е можно подолго, за да се создаде моментум што ќе ја придвижува играта колку што е можно подолго.
И додека многу жени ја поздравија оваа идеја и се вклучија во играта, некои остро протестираа. Така на пример, Лиса Такеучи-Кален, блогерка-феминистка, напиша: „Ми се лоши од фактот што толку сериозна болест како рак на дојката е сведена на неколку розови панделки и една игра на фејсбук“. Заедно со неа, многу други кориснички на Facebook започнаа бојкот на играта со боите.
Каушик Нарасиман пак, напиша: „Оние кои што одвоија барем малку време за да го разберат овој феномен, сигурно знаат дека тој помогна во каузата и барем за кратко ги натера да се замислат оние што никогаш не помислиле на ризиците од таа болест“.
Дали се работеше за позитивна или негативна и детска појава, одлучете сами. Едно е сосема сигурно – статусните бои на Facebook привлекоа прилично големо внимание.