Сите благодети на кивито

Дали сте знаеле дека со употребата на кивито во исхраната во човековиот организам се лачи хормонот на среќа – ендорфинот кој го подобрува расположението, го нормализира притисокот и благотворно влијае на работата на бубрезите и системот за варење, а сето тоа го продолжува животниот век?!

Според најновите истражувања на група украински истражувачи еден килограм киви го продолжува животот за еден месец. Кивито е продукт кој содржи минимум калории и максимално количество на корисни материи и тоа органски киселини, пектин, магнезиум, железо, фосфор и голем број витамини.

maska za liceСпоред количеството на витамин Ц кивито го победува и портокалот. Витаминот Ц е неопходен за јакнење на имунитетот и заштита на организмот од инфекции.

Прочитајте и:  Студија на Харвард: Ова се најбогатите протеински намирници што треба да ги јадеме

Освен во исхраната, кивито е препорачливо и за надворешна употреба.

Тоа е идеално за чистење на кожата бидејќи ја збогатува со сите потребни витамини. Маската од неколку парчиња киви, неколку капки маслиново масло и една жолчка се препорачува за нега на кожата на жени од различни возрасти.

Маската треба да стои на лицето околу десетина минути по што се мие со топла вода. Кивито ја збогатува кожата со колаген на природен начин што претставува одлична борба против брчките.

kiwi1

Во прилог на ова истражување говори и претходното новозеландско истражување според кое кивито е најефективен додаток во исхраната кој што го обезбедува потребното количество на витамин Ц во организмот.

 

- Реклама -