Gmail, Google Calendar, Docs и Talk излегоа од бета

Повеќе... Сервисите на Google од нивното појавување и долго после тоа се наоѓаа во вечна бета или со други зборови, Google никако не сакаше да преземе целосна одговорност и да каже: Да, тоа се готови производи, можете да ги користите без страв. Тоа сега се промени, бидејќи Google го тргна натписот „бета“ од неколку клучни сервиси.


gmail-minus-beta.jpgСервисите на Google од нивното појавување и долго после тоа се наоѓаа
во вечна бета или со други зборови, Google никако не сакаше да преземе
целосна одговорност и да каже: Да, тоа се готови производи, можете да
ги користите без страв. Тоа сега се промени, бидејќи Google го тргна
натписот „бета“ од неколку клучни сервиси.

Производите кои се ослободија од називот „бета“ се Gmail, Google Calendar, Google Docs и Google Talk. Со евентуален исклучок за Google Docs, кој во целина не е баш „испеглан“, станува збор за производи кои не можеше да се сметаат за тест верзии, туку за готови производи.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Но, со новиот назив доаѓаат и некои нови прашања. Google отсекогаш ги нудеше своите производи бесплатно, сега кога веќе не станува збор за тест верзии, дали можеме да очекуваме дека некои од нив ќе почнат да се наплаќаат? Изгледа дека одговорот на ова прашање е – да: Google Apps, сетот од апликации наменет за малите и средни претпријатија,
се нуди бесплатно, но и во помоќна верзија за која е потребно да се плати, а од вчера линкот за бесплатна верзија мистериозно исчезна од главната страница, за по неколку часови повторно да се врати назад. Случајност или не, пресудете сами.

За оние носталгичните, на кои „бета им е повеќе од бета“, Google нуди опција за  „враќање во бета“. Така, во Settings, под табот Labs постои таква опција за враќање на познатата бета налепница назад на логотипот Gmail.

back-to-beta.jpg
- Реклама -