Парфем со зомби – арома

Дали би сакале да поседувате парфем кој ќе има арома на зомби? Со најновата лимитирана колекција на брендот Demeter Fragrance Library тоа е сосема возможно!

Деновиве овој бренд го промовираше најновиот машки и женски парфем од колекцијата инспирирана од зомби.

Машката везија содржи ноти на суви лисја, печурки, земја, мов и мувла, додека пак женската верзија е помалку наситена со овие необични состојки и кон неа е додаден екстракт од талогот на дното на винско буре. Токму оваа нота се смета за поженствена и подобро го доловува зомби темпераментот кај една жена, констатираат од брендот.

a

Парфемите од оваа колекција во САД ќе бидат продавани само до 30 април по цена од 20 долари за шишенце.

Ова не е прва колекција со необични ароми на брендот Demeter. Претходно ги претстави парфемите со мирис на дожд, трева, бура, хартија, течно лепило и сите можни десерти.

- Реклама -