Науката, не за прв пат, силните чувства ги дефинира како патолошки појави на човековиот ментален капацитет.
Како прва на списокот „емоционални болести“ се смета љубовта, а зад неа е љубомората, сметаат италијанските истражувачи од Институтот во Пиза.
Според експертите, станува збор само за женската љубомора за која во медицината треба да се пронајдат пософистицирани методи за лекување или барем ублажување.
Во медицината и психологијата се разликуваат 5 типа на љубомора во еден машко – женски однос и тоа: депресивна, хипертрофирана, параноична, манична и страв од развод. Под патологија, во сите 5 типа на љубомора се подразбираат хистеричните напади.
Кога жената е љубоморна во нејзиниот организам се намалува нивото на хормонот серотонин кој е одговорен за расположението и со цел да го покачи тоа ниво жената започнува разговор кој води кон конфликт. Во тој момент се зголемува хормонот на среќата и задоволството – допаминот. Експертите сметаат дека доколку жените навреме не се обратат за лекарска и психолошка помош ваквиот метод за подобрување на расположението ќе им прерасне во навика и постојано ќе бараат поводи за караници со партнерот.
Љубомората може да доведе до состојба на афект кога личноста целосно ја губи самоконтролата. Жените кои страдаат од љубомора може и да не се свесни за својата дијагноза пред се поради одредени нарушувања на функциите на мозокот.