Неодамна компанијата Microsoft се пресели во новите канцеларии распростанети на четири ката во главниот град на Португалија – Лисабон.
Канцелариите во кои ќе работат 475 вработени зафаќа површина од вкупно 20 000 метри квадратни. Тие се дизајнирани со помош на програмата 3G Office, а основната идеја е да се создаде поголемо пространство и да се креираат нетрадиционални работни локации. За таа цел се создадени најразлични работни површини во поинакви бои, димензии и дизајни.
Посебен акцент е ставен на стаклата SmartGlass во салите за конференции кои може да се менуваат од прозрачни во матирани.
Дали би посакале вашиот втор дом да изгледа како на фотографиите подолу?!