Horse Boarding, спорт со растечка популарност (видео)

коњПостојат неколку екстремни спортови кои лесно можат да бидат наречени луди – од шахбокс до екстремно пеглање – но овој е дефинитивно еден од најбизарните. Зошто? Можеби зашто спортот всушност е возење специјален скејтборд додека ве влече коњ во полн галоп, развивајќи брзини и до 50 километри на час.

Целта на овој спорт е скејтбордерот да одржува рамнотежа што е можно подолго. Слично на скијање на вода, само наместо глисер ве влече коњ, а наместо вода има раскопана земја. Даниел Фаулер-Прајм, 31 годишниот каскадер кој го измислил овој спорт пред пет години вели дека спортот станува сè попопуларен, и дека ова лето Британија ќе го одржи својот прв шампионат.

{youtube}BvE_zn6hh4o{/youtube}

Во натпреварувањата ќе учествуваат по два тима (коњ, јавач и скејтбордер) кои ќе се тркаат на 100 метри. Фаулер-Прајм исто така го основал и National Horse Boarding Training Centre, во близина на Вулверхемптон каде што потенцијалните учесници во овој спорт можат да видат дали тој е за нив. [National Horse Boarding Training Centre]

- Реклама -