„iPhone 5“ го тргна „Samsung“ од тронот

„Apple iPhone 5“ беше најпродаваниот мобилен телефон во последните неколку месеци на 2012 година, со што го тргна од тронот „Samsung Galaxy S3“.

Според најновите податоци на порталот „Strategy Analytics“ квалитетниот екран на допир, глобалната дистрибуција и великодушните тарифни пакети на операторите, го донесоа „iPhone 5“ на првото место, за прв пат. Во текот на последните месеци се испорачани 27,4 милиони iPhone 5 телефони ширум светот, со што овој телефон зазема 13% од комплетната, глобална испорака на „паметни“ телефони. Покрај тоа, „Apple“ испорачал 17,4 милиони „iPhone 4S“ модели, кои чинат 8% од глобалниот удел. „Samsung Galaxy S3“ го зазема третото место со 15,4 милиони продадени телефони, со што зафаќа 7% од пазарот.

Овој телефон одамна стана популарен меѓу корисниците и операторите ширум Северна Аерика, Европа и Азија, но глобалната побарувачка за овој уред доживеа колуминација, поради која „Samsung“, како што се шушка на големо, наскоро го подготвува претставувањето на „Galaxy S4“ моделот.

- Реклама -