Гол со глава во хокеј (видео)

гол со глава Ова видео најверојатно ќе им се допадне на две групи, оние кои ја подржуваат филозофијата „целта ги оправдува средствата“, и фудбалските фанови. На овој хокеарски натпревар во Швајцарија, Силвио Шоб се изнамачи за да направи асистенција, но откако ударот на неговиот соиграч беше одбранет од противничкиот голман, тој реши сам да ја заврши акција.

Ова видео најверојатно ќе им се допадне на две групи, оние кои ја подржуваат филозофијата „целта ги оправдува средствата“, и фудбалските фанови. На овој хокеарски натпревар во Швајцарија, Силвио Шоб се изнамачи за да направи асистенција, но откако ударот на неговиот соиграч беше одбранет од противничкиот голман, тој реши сам да ја заврши акција.

Но видеото нè остава со прашање: Дали голот важи? Играчите од противничкиот тим на крајот од видеото се собираат околу судијата барајќи објаснување. Некои хокеарски лиги не ги признаваат головите кои не се постигнати со палката.

{youtube}QYH2OXLyCE0{/youtube}
- Реклама -