До официјалното пристигнување на пролетта нѐ делат неколку недели, а тоа е повеќе од доволно да почнете да размислувате со каква облека ќе ги замените зимските тешки и темни парчиња облека.
Со будењето на пролетта разбудете го и своето чувство за мода во светли и живи бои, советуваат модните експерти, но не заборавајте ги и црно – белите комбинации кои се класика на секоја сезона.
Судејќи според ревиите на неколкуте неодамнешни модни случувања, односно модните недели, цветниот принт ќе биде заменет со принт мотивиран од ретките цвеќиња и детали од природата, како на пример мистериозните црни орхидеи, огнените црвени булки, интригантните жолти лалиња…
Кога станува збор за модната палета предност им се дава на белата, сината и повеќе нијанси на црвената и жолтата.
Колку и да звучи зачудувачки и црната боја ќе биде во тренд претстојната сезона. Доказ за тоа се ревиите на Chanel, Saint Laurent, Jean Paul Gaultier, Dior, па дури и Nina Ricci кои уште еднаш потврдија дека црната е симбол на елеганција и неповторлив автентичен стил.
Бела
Comme des Garçons, Missoni, Roberto Cavalli
Невиност, нежност, едноставност – белата боја и едноставниот крој се полн погодок за пролетта која доаѓа.
Црно – бела
Chloe, Givenchy, Celine, Chanel, Lanvin, Moschino, Louis Vuitton
Играта на двете контрасни бои е идеален начин да го нагласите контрастот на вашиот стил, односно да ги нагласите приоритете и скриете недостатоците. Оваа сезона дизајнерите предлагаат да бидете кралица на „шаховскиот“ принт.
Црвена
Gucci, Costume National, Elie Saab, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Valentino
Можете да се одлучите за било која нијанса на црвената, но под услов да е јака.
Сина
Valentino, Miu Miu, Dior, Pringle of Scotland, Alberta Ferretti, Gucci.
Сината боја која е јака и длабока се смета за кралска така што нема да погрешите доколку се одлучите за истата. Морските бранови нека бидат ваша инспирација, а не заборавајте ниту на џинс стилот.
Жолта
Etro, Moschino, Oscar de la Renta, Balmain, Louis Vuitton, McQueen
Од недозреани лимони до презреани банани, сите нијанси на жолтата се сметаат за пролетни. Нема да погрешите и доколку се одлучите за поаристократски нијанси како што се медовите и златните нијанси.