Старт на продажбата на Renault Clio Estate

Караванската верзија на Clio беше претставена минатата есен, во салонот во Париз, но стартот на продажбата уште тогаш беше потенцирано дека ќе биде оваа пролет.

Ветено-сторено!Во однос на базниот модел на четвртата генерација на францускиот „лилипутанец“ нема многу измени, се разбира само во задниот дел, кој сепак повеќе го карактеризираат спортски линии од оние класичните за ваквата надградба. Рачките на задната врата се маскирани како кај хечбекот, а мал елерон го краси задниот капак. Предвидена е и опција со застаклен повеќе од 60%, покрив.

333_Renault-Clio-Estate-470-3

Караванот го задржа меѓуоскиното растојание, кое е идентично со она на базниот модел, но со малку продолжен заден дел. Во овој случај должината на возилото изнесува 4.267 милиметри, што секако придонесува за дополнителни 50% багажен простор. Вака поставената караванска изведна нуди импресионирачки за оваа класа, 443 литри.

422_Renault-Clio-Estate-470-4

Со спуштени задни седишта достигнува до завидни за сегментот 1.380 литри.Европејците ќе избираат помеѓу два бензински мотори – трицилиндерскиот TCe 90 (90 КЅ) со просечна потрошувачка од 4,5 l/100 km и 104 g/km CO2, или 1,2-литарски TCe (120 КЅ) со трансмисија EDC со две спојки. Последната комбинација доаѓа на пазарот од средината на 2013 година. Впечатлив е и дизелот dCi (90 КЅ) со просечна потрошувачка 3,2 l/100 km и емисија 83 g/km CO2.

667_Renault-Clio-Estate-470-2

Со новото Clio Estate францускиот производител лансираше и мултимедијален таблет R-Link.

875_Renault-Clio-Estate-470-5

 

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

- Реклама -