Живот со 50 оргазми дневно

Дваесет и двегодишната Аманда Грајс тврди дека нејзиниот живот и го уништуваат оргазми, поточно 50 оргазми дневно.

Аманда има ретко нарушување кое ја прави константно сексуално возбудена, а најобична вибрација од телефон е доволна да го активира нејзиното тело. Тој што за неа е најлошо, е тоа што и се случува било каде, на шопинг, на вечера со пријателите па дури и додека е на работа.

Иако на многумина ова им се чини како благослов, Аманда тврди дека е проколната.

Минатата година, пак, 39-годишната Гречен Моланен од Флорида извршила самоубиство затоа што не можела да живее со ова нарушување наречено Синдром на постојана сексуална возбуденост.

„Ова воопшто не е пријатно. Можам да кажам дека е вистинско страдање. Синдромот го контролира вашиот живот кој полека стнаува кошмар. Во текот на денот можам да доживеам 50 оргазми или пет до десет во еден час. Оргазмот би требало да предизвикува добро чувство, но јас ги имам секој ден толку долго што живеам во постојан страв и срам. Тоа се случува и кога сум со пријателите и во јавност каде што може да биде многу непријатно. Единствено што можам да направам е да се преправам дека ништо не се случува“, раскажала Аманда за „The Sun“.

Таа страда од овој синдром од дете, но за него дознала во 2008 година. Оттогаш се обидува да живее нормално и да си најде момче, но, како што вели таа, мажите или се обидуваат да ја искористат нејзината состојба или се премногу исплашени.

- Реклама -