Со головите на Матри, Маркисо и Вучиниќ, Јувентус го совлада Селтик во Глазгов и практично веќе осигура продолжување во следната нокаут фаза. Иако на Селтик Парк оваа сезона веќе паднаа Барселона и Спартак, сепак очекувањата на публиката за уште еден нов подвиг останаа покуси, откако на самиот старт јасно се покажа во која насока ќе се одвива натпреварот.
Сонот за вистински европска чекор напред исчезна по само три минути од средбата…
Селтик – Јувентус 0:3
Валенсија победуваше на последните осум натпревари против францускиот тим, а од последни 18 има само еден загубен натпревар. Традицијата беше на нивна страна, но сепак ПСЖ победи со 2:1, па Златан и неговите соиграчи се радуваа што со едната нога се веќе во четвртфинале. Дејвид Бекам во живо го следеше натпреварот.
Головите беа дело на Лавеци и Пасторе во првото полувреме, и единствениот гол на Валенсија, од Рами, пред самиот крај на натпреварот. Момент на натпреварот беше црвениот картон на Ибрахимовиќ.
Валенсија – ПСЖ 1:2