Дали сакате да бидете следниот Папа?

Еден од најголемите сајтови за огласување Craigslist им понуди на своите корисници прилика да конкурираат за работа лидер на интернационална религија.

Повлекувањето на Папата Бенедикт XVI предизвика шок во светот, но истовремено на Интернет се појавија и шеги на сметка на несекојдневната одлука на поглаварот на Римокатоличката црква.

Најголем број шеги се однесуваат на идниот Папа и атрибутите што тој мора да ги поседува, а еден шегобиец поставил оглас за позиција нов Папа.

„Во прашање е многу конкурентна позиција, а меѓу заинтересираните се наоѓаат суперѕвезди како Бијонсе така што нема сите да бидат известени за нашата одлука“, стои во огласот.

Работата бара одржување на миси, носење клучни одлуки за католичката цкрва, соработка со водечките светски медиуми, мафтање на насобран народ како и присуство на важни настани. Компјутерски вештини не се потребни, доволно е само познавање на Twitter.

Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција

Исто така, потенцијалниот кандидат би требало да поседува способност да игнорира било какви научни откритија кои ја фрлаат религијата во сенка како и поседување крајно хомофобични ставови.

Во огласот се наведува дека новиот Папа ќе полага сметка за работата само пред Господ, иако тој нема да учествува во селекцијата на кандидатите.

 

- Реклама -