Летечки аеродроми на нуклеарен погон

аеродромКога се работи за летала, поголемо е подобро. Со зголемувањето на димензиите се зголемува и ефикасноста – токму оваа филозофија стои зад огромниот Airbus A-380. Но за вистинска ефикаснсот се потребни уште поголеми димензии, многу поголеми. Всушност потребно е толку големо летало што други летала ќе можат да слетаат на него.

„Летечко Метро“ концептот е токму тоа: експресен воз на небото. Но како дел од општ метро или железнички систем, не може да се оди со експресна линија од почеток до крај. Помал автобус или воз ве носи до експресниот воз, по што друг помал воз или автобус ве носи до дестинацијата откако ќе го напуштите експресниот воз. Во случајот на Летечкото Метро нормалниот авион ќе полета од регионален аеродром, тој ќе отиде до џиновскиот летечки аеродром, каде што патниците ќе летаат неколку илјади километри по што повторно со нормален авион ќе се упатат кон друг регионален аеродром.

Џиновскиот летечки аеродром би можел да носи околу 3000 патници истовремено, и нормалните авиони или ќе слетуваат директно на неговиот „грб“ или преку некој тип на докирање ќе вршат трансфер на патници. Но ако еден од овие џиновски аеродроми постојано слетува и полетува, тоа би било крајно неефикасно; наместо тоа некој тип на нуклеарен реактор би ја создавал енергијата потребна за постојано летање.
 
Концептот предвидува флота од овие џиновски авиони да летаат постојано од Лос Анџелес преку Чикаго и Њујорк до Лондон, преку Европа и назад. За лет на огромно растојание, патникот едноставно ќе се качи на кус лет до следниот џиновски експрес авион и да се опушти сè додека да се приближи на својата дестинација. Потоа повторно со мало комерцијално летало ќе стигне до саканата дестинација.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Ова би било побрзо и поефикасно за патниците, и би придонело кон 40 процентно намалување на потрошувачката на гориво за патување од 965 километри па се до 80 процентно намалување на патување од 9656 километри. Но до создавањето на технологијата потребна за остварување на овој план, но ако некогаш биде остварен, би настанала револуција во воздушниот транспорт. [Nuclear powered flying airports would never have to land]

- Реклама -