Чекор поблизу до читање мисли (видео)

мислиЗамислете да имаше можност за пристап до умот на пациент кој е во кома, или да гледате ваш сон на Јутуб. Со најмодерната мешавина на мозочно мапирање и компјутерска симулација, научниците од Универзитетот од Калифорнија, Беркли, ги приближуваат овие футуристички сценарија кон реалноста.

Користејќи функционална Магнетна Резонанса (fMRI) и компутациони модели, истражувачите успеале да ги декодираат и реконструираат динамичките визуелни искуства на луѓето – во овој случај, гледањето на филмски трејлери. За сега технологијата може да реконструира само видеа кои луѓето веќе ги гледале. Но напредокот го отвара патот кон репродуцирање на филмовите во нашите глави кои никој друг не може да ги гледа, како сонови и спомени.

„Ова е голем скок кон реконструирање на внатрешните слики“ изјавил професор Џек Галант, невронаучник од универзитетот и еден од авторите на студијата. „Отвараме прозорец кон филмовите во нашиот ум.“ Практични апликации на технологијата би можеле да овозможат подобро разбирање на она што се случува во мозоците на луѓето кои не можат да комуницираат вербално, како жртви на мозочен удар, пациенти во кома и луѓе со невродегенеративни болести.

{youtube}nsjDnYxJ0bo{/youtube}

Ова би можело и да создаде можности за интерфејс помеѓу мозок и машина за луѓето со дегенеративни мускулни проблеми или парализа да можат да управуваат компјутери со својот мозок. Но, истражувачите посочуваат дека се потребни уште неколку децении пред оваа технологија да им овозможу на корисниците да си ги читаат мислите и намерите, како во научно фантастични класици како “Brainstorm” каде што научници ги снимаат чувствата на едно лице за други да можат да ги искусат. [Scientists use brain imaging to reveal the movies in our mind]

- Реклама -