Модната ревија на која беа покажани моделите од колекцијата на Викториjа Бекам есен – зима 2013/14 година беше особено очекувана и посетена на модната недела во Њујорк.
Впечатоците од ревијата се повеќе од позитивни, оценуваат модните уредници како и критичарите.
И овој пат беше проследена надградбата на стилот на Бекам како и нејзините идеи преточени во модна колекција. Не изостанаа строгите линии, молив – здолништата, како и облеката припиена до женската силуета како втора кожа.
Од боите овој пат чоколадната, сивата и црната беа разведрени со жолта налик на сончеви зраци во далечниот октомври.