Панасоник ќе гради еколошки град во Јапонија (видео)

еко-градПанасоник, со уште осум партнерски компании, најавиле план за изградба на „зелена“ заедница во Фуџисава Сити, Јапонија. Заедницата ќе биде наречена Fujisawa Sustainable Smart Town (Fujisawa SST накратко), и до 2018 би можела да биде внимателно испланиран, еколошки дом за 1000 жители. Проектот веќе си има поставено амбициозна цел, намалување на јаглеродниот отпечаток на градот за 70 проценти од нивоата во 1990 година.

Еколошко развивање на урбанизирани средини не е ништо ново, но поголемиот дел од планот на Панасоник се фокусира на почнување од ништо наместо адаптирање на веќе постоечки структури со технологоја која не и штети на природата. Идејата е дека технологија која веќе постои може без никакви проблеми да се искомбинира со стратегии за градско планирање ушто од почетокот за постигнување максимален ефект и ефикасност.

{youtube}ss0jhOZPARY{/youtube}

Fujisawa SST ќе содржи сè: соларни панели и батерии во секој дом, улици дизајнирани за велосипеди и електрични возила, мрежно јавно осветлување и уште повеќе. По катастрофалните земјотреси кои ја погодија Јапонија проектот исто така се фокусира и на неколку аспекти од справувањето со катастрофи. Fujisawa SST ќе има самостојно генерирана електрична енергија како и планови за безбедност и подвижност. А бидејќи голем број јапонски заедници се уништени и планираат реновирање, Fujisawa SST би можела да послужи и како план за преродба.

Секако, Панасоник има голема придобивка од поттикнувањето на овој проект. Како прво ќе добие значаен публицитет и ќе создаде функционална визија за хармоничната работа на нивните производи. Новата заедница најверојатно ќе биде место за тестирање на заедничката работа на овие технологии, и би можела да има бенефит од поставување на стандард за ваквиот тип на конструкции; ако Панасоник покаже како може да се изгради еколошка заеднициа од ништо, во иднина други би ја следеле нивната иницијатива. [Panasonic plans bottom-up green-city Fujisawa SST in Japan]

- Реклама -