Гаснење пожари со електрична енергија?

пожарПожарникарите со векови користат вода за гаснење пожари. Нормално технологијата за гаснење пожари напреднала многу, но основниот принцип е непроменет уште од времето на Римската Империја. Сега група научници од Харвард велат дека во иднина пожарите ќе бидат гаснети со електрична енергија.

Научниците веќе долго време знаат дека електричните полиња имаат ефект врз пламен. Оваа технологија едноставно го става тоа знаење во практична употреба, преку направа која може да згасне пламен со испукување на пулс од наелектризиран воздух кон огнот.

Ова би им овозможило на еден пожарникар да исчисти пат низ огнот по што другите пожарникари би можеле да влезат, а оние кои се заробени внатре да излезат. Тие исто така гледаат иднина во која традиционалните прскалки би биле заменети со генератори на електрични пулсеви како заштита од пожари.

Ако оваа технологија е навистина успешна тогаш потенцијалните предности споредени со водата се големи. Како прво, би била елиминирана штета која е предизвикана од вода при гаснењето пожари која кај помалите пожари речиси секогаш е поголема од штата предизвикана од огнот. Второ, на противпожарната служба нема да им требаат огромни количини вода, која во отсуство на хидранти мораат да ја носат со себе. [Future firefighters could use flame snuffing bolts of electricity]

- Реклама -