Кога живеете сами не ви е потребно многу простор. Голем стан само ќе значи дека ќе имате повеќе простор отколку што навистина е потребно. Пример за тоа е овој стан од само 38 метри квадратни, но доволно функционален за просторот.
Најважно од се е паметно да го уредите и да го направите да биде функционален, па просторот ќе се отвори самиот по себе. Ѕидовите е пожелно да бидат во бела или сива боја, исто така и ентериерот, бидејќи одаваат чувство на отвореност и просторност. Другите бои може да ги употребите со некој елемент во внатрешноста, за да се разбие монотонијата.
Внатрешниот дизајн е многу едноставен, но модерен. Во прилог на тоа се и дрвените подови, кои му даваат посебна нота на целиот простор.
Овој стан само докажува дека 38 квадратни метри може да се искористат за удобно живеење, но важно е да се има добра идеја и паметно да се уреди целиот ентериер за да се искористи просторот до последниот квадрат.