Прототипи на веќе докажани производи

ПрототипиОткако техниката отиде толку напред, што веќе тешко се гледаат нејзините почетоци (барем за поновите генерации), време е да ѕирнеме во минатото и да ги погледнеме прототипите на некои од, сега веќе докажаните производи.

Откако техниката отиде толку напред, што веќе тешко се гледаат нејзините почетоци (барем за поновите генерации), време е да ѕирнеме во минатото и да ги погледнеме прототипите на некои од, сега веќе докажаните производи.

Super Soaker
Прототипи

Лони Џонсон, инженер вработен во НАСА, во 1989 година, во својот дом работел на развивање нов систем за ладење во фрижидерите, кој фреонот требало да го замени со вода. При една несреќна случка, кога од прототипот почнало да прска вода преку целата должина на бањата, тој сфатил оти во рацете држи нешто што има голем потенцијал, како малку поинаков производ. И така настанаа едни од најдобрите пушки на вода, на сите времиња.


Телефон со копчиња

Прототипи

Телефоните со вртење одземаа премногу време. Во итен случај, можело да се случи некому да му изгори куќата, додека успее да заврти во противпожарната служба. Затоа, уште во 1948 година, Бел Лабс започнале со адаптација на телефоните што се користеле во централите (со копчиња) за домашна употреба. Проблемот бил што требало да се претвори телефон кој користел електрични импулси за бирање во телефон што користи тонско бирање. Затоа, поставиле 9 писки што импулсите ги претворале во уникатни звуци. Биле направени 35 прототипи, кои биле тестирани од вработените во компанијата, во Медија, Пенсилванија. Проектот сосема пропаднал, зашто врз работата на писките влијаеле: придвижувањето или преместувањето на телефонот, шумот на линијата, па дури и зборувањето при бирање. Функционални телефони со копчиња биле развиени дури во 1963.

Атари видео компјутер систем

Прототип

Поради судска пресуда за нарушен патент, Атари морале да ги отстапат сите права за сите хардверски уреди што ќе бидат произведени во текот на 1976 година. Затоа, Ал Алкорн работел во голема тајност, во лабораторија на врв од планина, со буџет од 500 долари за делови и го создал системот за само 3 месеци. Нормално, компанијата почекала до 1977 година за да го претстави, но сето тоа се исплатело, со оглед на продадените 30 милиони конзоли.

Епл 1

Прототип

Во 1975, дваесет и пет годишниот инженер, Стив Вознијак, кој работел во Хјулит и Пакард, во слободното време развивал јазичен процесор за новиот 8 битен процесор наречен MOS 6502. Иако матичните плочи што ги создал биле помали поедноставни од конкурентските и иако бесплатно ги делел шемите, на луѓето им било тешко да ги состават. Затоа, со неговиот средношколски пријател, Стив Џобс, кој тогаш работел во Атари, ноќе, во гаражата на родителите од Џобс, склопувале готови уреди. Истите ги нарекле Епл 1. Продажната цена им била 500 долари, со профит од 100%. Направиле вкупно 200 парчиња, а продале 150.

Моторола DynaTAC
Прототип

Мартин Купер го изработил првиот мобилен телефон во 1973, за само 90 дена. Но, со оглед на тоа што не постоеле интегрирани кола, инженерите морале да поставуваат повеќе делови за да го направат уредот функционален, со што тежината на телефонот, на крајот била точно 2 килограми. Најголеми проблеми имале со вметнувањето на уредот за симултано зборување и слушање (претходно сите мобилни комуникациски уреди работеле на принципот – едниот зборува, другиот слуша). Откако успеале да го смалат на една десеттинка од оригиналната големина, била поставена базна станица на Менхетен и Мартин Купер за првпат се јавил од мобилен телефон, во Бел Лабс.

- Реклама -